Одличен резултат за нашата најдобра Футсал репрезентација на мундијалските квалификации за СП, во Литванија. Македонија попладнево славеше и против домашната селекција со 1:0, со голот на Јанев и со тоа убедливо го освои првото место во групата и со тоа успеа да се пласира во втората фаза во мундијалските квалификации.
Секако честитки за избраниците на селекторот Газменд Хисејни кој пред заминувањето во Литванија вети дека нашата селекција оди на првото место, ете, тоа ветување и го освои.
Колку за потсетување. Македонија на овој турнир прво славеше против
Бугарија со 4:1, потоа исто така убедливо славеше и против Турција со 6;3, за да попладнево триумф и над Литванија со 1:0.
Значи “три од три“ во победи со гол – разлика 11:4.










