Македонските ракометарки заверија пласман на Европско првенство

2314
Фото: РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во четири земји. Пласманот на ЕП го заверивме со пораз од Словенија од 27-28 во последниот квалификациски меч. „Црвено-жолтите“ одат од друштвото на трето најдобропласирани селекции, имаат подобра гол разлика од директниот конкурент Финска.

За Македонија ова е осмо учество на Европските првенства, трето по ред.

Наша најдобра ракометарка беше Илиќ, која запиша 14 одбрани. Јанкулоска имаше 4 гола, Гакидова постигна три.

Македонија го отвори мечот, но Словенија веднаш го наметна своето темпо, поведе со 3-1. Квалитетот на противникот брзо дојде донизраз, во 17-та минута беше 10-4. На голема среќа нашата репрезентација ја имавме Илиќ, која не дозволи предноста да биде уште поголема. Грчевски повика тајм-аут, откако Словенија поведе со седум гола разлика (13-6), а Илиќ повторно имаше две важни интервенции. Најголемата негатива беше осум гола 15-7. На одморот беше 15-9.

Предноста на противникот растеше и во вториот дел. После 13 минути игра резултатот беше 20-10, претходно Словенија водеше и со 20-9. На крајот беше прашање крајната негатива, а таа изнесуваше девет гола.

Ова е игра за заборав, но ќе имаат доволно време за корекцијата и вистинска работа.

Европското првенство ќе се одржи во Романија, Турција, Полска, Чешка и Словачка.

ПретходноМуриќи ја води Мајорка кон опстанок
СледноУжас за Арсенал: Сити го прегази Челзи и сега Пеп се прашува за титулата!