Ракометарките со порака од Велење: Се гледаме на Европско!!!

405

Македонската женска ракометна репрезентација завери билет за Европското првенство кое ќе се одржи во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција (3-20 декември).

Ова ќе биде осмо учество на ракометарките на континенталните натпреварувања, трето по ред.

Иако на последниот квалификациски меч нашите девојки беа поразени од Словенија, сепак на ЕП ќе одат како една од четирите селекции кои завршија како најдобро третопласирани.

По завршување на мечот во Велење нашите девојки ја направија фотографијата за историја и испратија порака: Се гледаме на Европско!

Последни репрезентации покрај нашата на ЕП се пласираа Австрија и Србија со победите против Грција и Украина. Од четирите најдобро рангирани третопласирани репрезентации уште се Исланд, Украина и Грција.

Исланд е единствениот тим со два бода на мини-табелата меѓу екипите рангирани на третото место, додека другите репрезентации имаат подобра гол-разлика од Финска и Италија, кои исто така завршија на третото место.

ПретходноУжас за Арсенал: Сити го прегази Челзи и сега Пеп се прашува за титулата!
СледноЈакимовски одличен, ама Тренто со пораз кај Тортона!