Словенија не се штедеше против Македонија иако веќе имаше обезбедено пласман на Европското првенство. Ја користеше секоја грешка на нашите ракометарки и се обидуваше да ја претвори во гол, целта беше јасна – со убедлива победа да ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија беше поразена со 27-18 во Велење, негативата комотно можеше да биде уште поголема, но тоа го спречи Андреа Илиќ. Нашата голманка беше најсветлата точка на овој натпревар, зад своето име запиша 14 одбрани. Илиќ која е ракометарка на ЖРК Вардар го покажа сиот потенцијал, кога нејзините соиграчки беа под нивото на задачата, го спречи противникот да дојде до поголема предност, едноставно ја оправдата довербата и местото меѓу стативите на националниот тим.
Македонија ќе ја гледаме на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска, Чешка, Романија, Словачка и Турција.










