Женската репрезентација до 19 години прими девет гола од Шкотска

79

Женската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години претрпе убедлив пораз на мечот со Шкотска во втората рунда од квалификациите за пласман на ЕП. Избраничките на селекторот Изов, денеска во Глазгов беа поразени со 9:0 на вториот меч од квалификациската група.

Шкотска во првиот дел веќе имаа предност од 5:0. Во вториот дел домашните фудбалерки постигнаа уште четири погодоци.

Во првиот натпревар во оваа група, Македонија беше поразена и од Норвешка со 3:0. Во последното коло нашите млади фудбалерки ќе се сретнат со Австрија.

ПретходноАрбелоа полн оптимизам: Можеме да го победиме Баерн во Минхен
СледноПолувреме: Шкендија убедлива, Струга ТЛ и Тиквеш погодија по еднаш (ВИДЕО)