„Сениорот“ Габриел Богатинов, потенцијално засилување за Македонија

393

Скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македонија периодов активно работи на доведување на засилувања за нашите национални селекции од дијаспората во сите категории.

Добивме новитети во сениорска конкуренција, а што се однесува до младинските се повеќе имиња се појавуваат како новитети.

Па така, што се однесува до генерацијата „2009“ го имаме во моментов играчот на словенечки Копер, Габриел Богатинов.

Момчето кое што викендов имаше и официјално деби за сениорскиот тим на Копер во победата од 0:4 против тимот на Посушје.

Габриел Богатинов е момче кое што е родено на 28.07.2009 година во Словенија, и засега е репрезентативец на оваа земја. Игра на позицијата лево крило и покажува сериозен потенцијал и талент.

Неговиот татко, Оливер Богатинов е поранешен младински репрезенативец на Словенија, а неговиот брат пак, Леонардо Богатинов кој исто така е член на тимот на Копер, своевремено беше повика на нашиот У17 камп кога истиот беше под водство на селекторот Раде Каранфиловски.

Инаку само како информација за каков талент се работи, Габриел Богатинов до овој момент има официјални 31 меч за младинските селекции на Словенија, и има постигнато девет гола.

Македонија секако дека би била засилена доколку Богатинов се одлучи да го промени спортскиот пасош и заигра за нашиот национален тим.

ПретходноМарио Илиевски со нов гол во ремито на Приштина (ВИДЕО)
СледноБосанците најавуваат спектакл од 30.000 гледачи на „Кошево“