Првакот е под голем притисок: Алкалоид го пречекува Пелистер во дербито на колото!

619

Денеска со дерби пресметката помеѓу Алкалоид и Пелистер ќе биде комплетирано петтото коло во плеј-офот во Супер-лигата. Дуелот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 19:30 часот.

Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци на последните две средби против актуелниот првак имаат две ремија, последното во Битола кога Иван Галевски спречи победа на фаворитот. Алкалоид во овој момент е четвртти на табелата на минус два бода зад противникот.

Пелистер кој и овојпат е фаворит против Алкалоид зад себе го има поразот од ГРК Охрид на домашен терен, момент кој го оддалечи од теоријата дека може да ја одбрани титулата бидејќи пред оваа средба, Вардар има предност од осум бода, додека пак охриѓани се на второто место и имаат два бода повеќе.

Пораз за битолчани ќе значи губење на втората позиција, победа за Алкалоид ќе значи изедначување со првакот и делба на третото место на табелата.

Инаку со оваа средба завршува првиот дел од плеј-офот во Супер-лигата.

ПретходноОдложено второто коло од плејофот и плејаутот!
СледноКарапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!(ФОТО)