Француски „Л’Екип“ вчера ексклузивно откри детали од договорот на Лионел Меси со раководството на ПСЖ. Според истиот аргентинскиот фудбалер во дресот на францускиот тим треба да заработи неверојатни 110 милиони евра, поточно 30 милиони евра плус 10 на име бонуси.
Но, од редовите на ПСЖ веднаш излегоа со демант, спортскиот директор, Леонардо вели дека станува збор за шпекулации.
„Тоа е една голема лага и непочитување кон клубот и кон играчите“, изјави Леонардо.
Доста интересно е што Нејмар има иста плата како што „Л’Екип“ тврди дека има и Меси.