Сити официјално потврди: Бернардо Силва на лето си заминува

94

Сега е дефинитивно веќе дека по речиси една деценија мината во клубот и досега одиграни 451 меч, португалскиот интернационалец, Бернардо Силва си заминува од тимот на Манчестер Сити.

Силва во моментов има статистика од 76 гола, имаше 77 асистенции и освои 19 титули, од кои шест во Премиер лигата и една Лига на Шампиони.

Силва влезе во топ десетте играчи со најмногу настапи за клубот, и секако дека е сметан за жива легенда на Сити.

Тој пак со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од неговиот омилен клуб додавајќи дека периодот минат во Сити е најубавото нешто што можело да му се случи.

ПретходноСкопје домаќин на третиот состанок за Регионалната ракометна лига
СледноМакедонија пресилна за Косово