Голема трагедија: Загина екс голманот на Јувентус и Арсенал, Алекс Манингер

277

Некогашниот чувар на мрежата на Јувентус и Арсенал и репрезентативец на Австрија, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа. Како што јавуваат локалните медиуми во Салзбург, трагедијата се случила токму во овој град, а според неофицијалните информации во сообраќајната несреќа  вклучена е локалната железничка пруга. Деталите околу трагедијата наскоро ќе бидат познати.

Манингер е легендарен чувар на мрежата на Австрија кој имаше богата интернационална кариера.

Тој беше првиот австриец кој заиграл за Арсенал, а освои и титули со овој клуб. Играше и за Торино, Удинезе, Јувентус, РБ Салзбург…

ПретходноАртета: Направивме нешто што никогаш не е направено во историјата на нашиот клуб
СледноТрет пораз на Македонија У19 на елитниот квалификациски турнир