Женската македонска фудбалска репрезентација до 19. години забележа пораз и на третиот меч од тековниот елитен квалификациски турнир.
Денеска наш противник беше репрезенатцијата на Австрија, а нашите девојки загубија со 0:5.
Првиот гол го примивме во 35. минута од пенал преку Спин, за да во вториот дел противникот покаже дека сепак, е ниво погоре.
Погодија во серија Осл, Хербст, Луегер, и уште една Хербст поставувајќи го конечниот резултат.
Македонија го завршува настапот во Глазгов без бодови и со седумнаесет гола примени на три дуели.










