Скопје домаќин на третиот состанок за Регионалната ракометна лига

75

На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот по ред состанок посветен на формирањето на Men’s & Women’s Regional Handball League (MRHL / WRHL).

На состанокот ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а свое присуство ќе има и Предраг Бошковиќ, потпретседател на ЕХФ, што дополнително ја нагласува важноста на овој процес.

Во фокусот на состанокот ќе бидат:

– дефинирање на форматот и календарот на натпреварување

– финансиски и организациски модел на лигата

– улогите на федерациите и клубовите

– координација и заеднички развој на ракометот во регионот

Планирано е во првата сезона да учествуваат:

– машка лига (MRHL) со 11 клуба

– женска лига (WRHL) со 8 клуба Овој состанок претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот, конкурентноста и видливоста на ракометот во регионот. Ракометната федерација на Македонија станува центар на регионалната ракометна соработка и иницијатор на ново поглавје во развојот на ракометот во регионот

ПретходноФК Базел објави фотографии од опожарениот стадион, штетата е огромна
СледноСити официјално потврди: Бернардо Силва на лето си заминува