Развојниот кошаркарски камп ќе биде реализиран од 22. до 27. јуни во Негорски Бањи

34

Ново лето, и нови активности поврзани со развојнот проект на ФИБА и Кошаркарската федерација на Македонија, развојниот кошаркарски камп, во кој ќе бидат вклучени младите талентирани кошаркарк(р)и од генерациите 2013 и 2014 година во машка и во женска конкуренција.

Вкупно шеесет кошаркари и кошаркарки, родени 2013 и 2014 година, ќе бидат дел новото издание на развојниот кошаркарски камп од проектот на ФИБА и на нашата федерација, во кој ќе тренираат заедно, во периодот од 22. до 27. јуни, во Негорски бањи.

Во изминатиот период, по извршената стручна селекција од страна на тренерските тимови, Мартин Атанасовски, заедно со помошниците Мартин Анчевски и Никола Димитриевски во машка, како и тренерот Никола Петровски со помошниците Сара Стојановска и Јована Стојанова во женска конкуренција, беа одбрани 30 играчи (по 15 во машка, односно во женска конкуренција).

Согласно со планираните активности, по завршувањето на Финалниот турнир во М12 лигата, ќе бидат организирани и селективни тренинзи за деца родени 2014 година (машка и женска конкуренција), со цел избор на дополнителни 30 играчи кои ќе бидат вклучени во развојниот камп во Негорски бањи.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: A.T. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.472.901 ДЕНАРИ
СледноОдбојкарките денеска почнуваат со полуфиналната битка