По заминувањето од Пелистер: Гарабаја стана селектор на Грузија

34

Шпанецот Рубен Гарабаја кој во тековната сезона седеше на клупата на македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер е нов селектор на Грузија. Шпанецот си замина од клупата на битолчани кон крајот на минатата година и не остана долго без работа.

Тој од денеска и официјално седнува на селекторското место во селекцијата на Грузија.

Грузијците неговата промоција ја најавија за следниот месец, кога Гарабаја треба да се појави во тренинг кампот на тамошната селекција. Грузијците не успеаја да се пласираат на СП 2027, откако беа поразени во баражите.

ПретходноОдбојкарките денеска почнуваат со полуфиналната битка
СледноЈапонскиот дух во Скопје: Врвна аикидо демонстрација со мајсторот Макото Ито во „Борис Трајковски”