Ненад Димитријевиќ вечерва на гостувањето кај Барселона, одигра сосема солиден меч. Успеа да запише 15 поени со што беше втор стрелец во составот на Баерн Минхен, ама бадијала кога каталонскиот гигант славеше со 95:69. Со овој пораз, ако се знае дека заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата, тимот на македонскиот кошаркар зварши на 13.место.
Како што веќе рековме вечерва и официјално заврши лигашкиот дел па така во плеј – офот се пласираа Олимпијакос, Валенсија, Реал Мадрид, Фенербахче, Жалгирис и Хапоел.
Додека во плеј – инот, се среќаваат Барселона – Ц.Звезда и Панатинаикос – Монако.










