НБА плејофот вечерва започна со убедлива победа на Кливленд Кавалирс на домашен терен против екипата на Торонто со 126:113.
Домашните ја контролираа играта и поведоа во серијата од првиот напад до последниот свиреж. Еуфоријата што владееше меѓу публиката на Кливленд се должеше на бековската линија Донован Мичел / Џејмс Харден. Мичел беше заслужен за триумфот со 32 поени со три скока и четири асистенции, додека Харден постигна 22 поени со 10 клучни додавања.
Не треба да се изостави ниту настапот на Макс Страс, кој постигна 24 поени со три скока. Кога станува збор за тимот на Торонто, најистакнат играч во овој пораз беше Ар Џеј Барет, кој постигна 24 поени.










