Мерџани: Само победа е опција за Работнички

54
фото: ФК Работнички (FB)

Работнички во 28.коло од Првата фудбалска лига на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Арсими. По двата порази во низа, од Шкендија и од Вардар, тимот од Дебар Маало сака да се врати во победнички ритам.

Победите се апсолутно неопходни во последните шест кола, во кои Работнички ќе се бори за обезбедување опстанок во елитата.

Претходната серија од четири првенствени победи започна токму против Арсими на 10 март, кога Работнички славеше со 1-0 на Арената. Избраниците на Муарем Муарем ќе се обидат да повторат сличен развој на настаните и денеска.

Само победа е опција за нас на денешниот дуел против Арсими. Почнува финалната разврска за опстанок, првенството влегува во последната фаза и нема простор за никакви грешки. Подготвени сме за надигрување и веруваме во нашиот квалитет. Ги посакуваме трите бода и тоа воопшто не го криеме“, изјави Зија Мерџани, левиот бек на Работнички.

Натпреварот меѓу Работнички и Арсими е закажан за 13 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

ПретходноДардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат
СледноДарио фантастичен: Второ место на престижниот Белградски маратон!