Дарио фантастичен: Второ место на престижниот Белградски маратон!

161

Фантастичниот македонски маратонец Дарио Ивановски оствари историски подвиг на маратонот во Белград каде утрово во силна конкуренција на десетина африкански маратонци успеа да го освои второто место во машка конкуренција. Нашиот најдобар атлетичар истрча фантастично време од 2:09:35 часа и застана рамо до рамо со победникот на маратонот, Гада Гемсиса Гудета од Етиопија, кој дојде до победа со време од 2:09:10.

Ова е уште еден доказ за неверојатната форма на нашиот маратонец, кој и натаму ќе биде еден од нашите главни атлетски адути на претстојните големи светски натпреварувања. Дарио денеска зад себе на улиците во Белград остави четворица Кенијци кои се распоредија од третото до шестото место, како и уште неколку врвни маратонци од африканските земји кои ги заземаа сите позиции идо 14. место.

ПретходноМерџани: Само победа е опција за Работнички
СледноПроблем за Германија: Гнабри го пропушта Мундијалот?