Чупиќ: Маратонот не е завршен! Респект кон сите, но Вардар мора да “гази” до крај!

217

РК Вардар уште еднаш е освојувач на ракометниот Куп на Македонија. Вечерва во Струмица со мининални но заслужени 23:24 во финалето го совлада тимот на ГРК Охрид и на тој начин стигна до уште еден драгоцен трофеј во својата историја.

Ова за тренерот на „црвено – црните“ Иван Чупиќ е прв трофеј како кормилар на Вардар. Како играч ја покори Европа, но како стратег ова е негов првенец.

„Финале секогаш се тешко. Им зборував цело време на играчите околу тој психолошки момент, дека нема да биде лесно. Ќе имаме моменти кога ќе патиме и ќе ни биде тешко но не смееме да се откажуваме. И по шеесет минути мора да е еден плус за нас. Добро го отворивме натпреварот, а потоа имавме мала криза на стартот на второ. На 20:17 побаравме тајм-аут и фала им на момците што во тој момент се смиривме. Се вративме во мечот со добра игра со голман во форма, спретно и подготвено, а на крајот мора да кажам и заслужено го донесовме трофејот во Скопје.

Честитки за Охрид за фер и коректниот меч. Знаевме дека играме против добра екипа, против добра одбрана.  Која што игра машки ракомет, која е офанзивна, која сака да игра на гол помалку. Бевме подготвени на се, но мора да кажам дека Охрид одигра супер турнир. И пред два дена и денеска.  Малку среќа, малку индивидуален квалитет, но најмногу карактер и победнички менталитет на Вардар беше пресуден за денешната победа.
Нема разлика помеѓу освојување трофеј како играч и како тренер. Работам со екипа која сака да тренира да работи. Повторуваме дека сме гладни дека сакаме оваа сезона да ја завршиме со двоја круна. Тоа бара многу труд, откажување од многу нешта. Бескрајно сум среќен за моите играчи. Треба да тренираш, да работиш до април, за да донесеш еден трофеј. Она што го зборуваме уште од почетокот на сезоната. Дека мора да тренираме јако, дека мора да направиме тим, бидејќи со 23 играчи не е лесно да се создаде тим. Мора да создадеме победнички менталитет, а тоа значи дека и кога се игра лошо дека мора да се победува. Мислам дека сум многу среќен, не на мојот прв трофеј туку поради мојата екипа. Горд сум на овој тим. Трката за титулата не е завршена, имаме осум бодови предност, а десет се во игра.Се додека математиката на наша страна нема да правиме калкулации. Респект кон секоја екипа, но сепак ние сме Вардар и мора да се бориме на секој меч. До 1 јуни фокус, концентрација и борба. Утре е слободен ден, а од вторник повторно борба, со респект и кон Бутел, Алкалоид, Тиквеш, до Пелистер….маратонот уште не е готов“ – изјави Чупиќ по финалето во Купот.

 

ПретходноЛазаревски: Вардар е најдобриот тим во Македонија, и сезоната ќе ја завршиме со двојна круна
СледноЈака Малус: На вакви мечеви одлучува СРЦЕТО!