Одбојкарките на Фламинго Волеј, за првпат во својата историја ќе бидат прволигаши. Тимот од Скопје следната сезона ќе биде дел од елитата во женското одбојкарско првенство.
Фламинго Волеј оваа сезона ја одигра перфектно и оствари 100% победи. Имено, во 26 одиграни кола, овој состав успеа да победи на буквално сите натпревари. Викендов и официјално ја освоија титулата во второлигашката конкуренција, и веќе можат да се подготвуваат за настап во најсилното друштво.
На второто место на второлигашката табела заврши составот на Вардар жени, кој ќе игра бараж со претпоследно пласираниот тим во Првата лига, Фит Фан Волеј за место во најквалитетната лига од септември.
Вардар жени, заедно со Форца Волеј ЕМА беа главните конкуренти на Фламинго Волеј за врвот, а и со прикажаното во текот на целото првенство ги оправдуваат позициите на кои ја комплетираат сезона.










