Кога ќе се победи Башкими на негов терен, и тоа со 0:4, тогаш јасно е дека твојата екипа одиграла одлично, а ти како тренер и тоа како си ја завршил својата работа. Токму затоа и тоа по подолго време, стратегот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби според „СпортСпорт“ е тренер на ова 28.коло.
Шкемби знае како треба против Башкими, и тоа како. Ова беше трет меч сезонава за Струга ТЛ против кумановскиот клуб и трета победа за “три од три“ што би се рекло, и тоа со неверојатна гол-разлика 15:0. Значи без примен гол а дадени дури 15 голови на Башкими на овие три меча во сезоната 2025/26. Достигнување кое ќе остане запаметено.
Да, по подолго време Струга ТЛ вчера во Куманово одигра одличен меч, како што му доликува на некогашниот двократен шампион на Македонија.















