Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Стефан Деспотовски во рамките на 31.коло на Суперлигата на Србија, имаше импресивен настап за својот тим ОФК Београд. И не само поради голот во победата над составот на Нови Пазар со 1:5, туку и поради настапот на овој натпревар на Македонецот во целина. Токму затоа Стефан Деспотовски и официјално е во тимот на 31.коло или во идеалниот состав на колото. Секако дека во елитната лига на Србија конкуренцијата е голема и не е мала работа да се најдеш меѓу најдобрите во 31.коло.















