Куп на Македонија полуфинале: Шкендија Тетово со пресврт до победа над Шкендија Арачиново (ВИДЕО)

179

Далеку потешко од очекувањата, актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија Тетово, успеа на домашен терен предмалку да обезбеди предност над екипата на Шкендија Арачиново во првиот полуфинален меч од овогодинешниот Куп на Македонија.

Фаворитот обезбеди предност од 3:2, пред реваншот кој што е закажан за 6 мај. Што се однесува пак до денешниот меч, тетовци истиот го започнаа со комбиниран состав, а истиот немаше лесна задача, напротив.

По само две минути игра, Трумчи го реализираше пеналот за 1:0, а потоа сосема поинаков расплет на настаните. Во 30 минута Шаркоски нафрли од десно, а Нухија на петерецот резлизира за 1:1.

Да биде изненадувањето уште поголемо, во 43. минута Ливарека постигнува ефектен погодок за 1:2.

Шокот за домашните во вториот дел ги натера да се сконцентрираат, и да направат сепак резултатски пресврт.

Ване Крстевски во 54. минута израмнува на 2:2 по една добра акција и негова одлична реакција во лева нога. За да, потоа по еден прекин, Мелиќи во 69. минута на петерецот осамен забива за 3:2.

Шкендија Тетово имаше уште ситуација, две да постигне уште еден гол но тоа не се случи.

Реваншот, односно вториот меч од ова Куп полуфинале се игра на 6 мај. Да напоменеме, денеска се одигра и другото полуфинале, во кое на првиот меч, Охрид и Силекс одиграа 1:1.

ПретходноВардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории
СледноПодгответе се за Водно и прв до врв на 17 мај