Голем успех на новакот во нашата кошаркарска елитна лига. Имено тимот на Маџари влезе во полуфиналето од плеј – офот и ќе се бори за титулата. Попладнево како домаќин, Маџари успеа да го победи Кожувсо 114:89 и тоа во директната битка за тоа 4.место. Сега веќе нема дилеми, Маџари е тимот кој заврши на 4.место во плеј – офот и заедно со ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер ќе бие битка за титулата откако осигура пласман во полуфиналето.
Ова беше меч од 3.коло во ТОП-6 фазата, меч кој подобро го “отвори“, иако гостите од Гевгелија знаеја и тоа како да одговорат на таквата игра. Па така по првите две четвртини Маџари имаше предност од +11 поени со кои “влезе“ во “второто полувреме“. Решавачка беше третата четвртина која домашните ја добија со 33:16 и со тоа го решија прашањето на победникот на овој меч. Во последниот период, домашните си дозволија мало опуштање па Кожув ја доби оваа чертвртина со 25:28.
Луис со 27 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, Армстронг запиша 21 поени. Кај поразениот состав Симиќ со 19 поени беше најефикасен.










