Фудбалската Федерација на Македонија, поточно Дисциплинската комисија, денеска донесе официјална одлука по повод инцидентите кои што се случија на дуелот од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Башкими и Струга ТЛ одигран во Куманово, на 19.04.2026, во рамките од 28. коло.
На истиот по последниот свиреж гостите беа нападнати, а ФФМ носи одлука која што соодеттвува со настаните. Башкими поради слаба организација на мечот, следните четири натпревари како домаќин ќе мора да ги игра надвор од Куманово.
„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари и парична казна од 5.000 евра, поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во рамки на 28. коло од Првата МФЛ на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, како и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа.
На денешната седница беа изречени санкции и за Иван Варадиновски, шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф, со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари, како и за Трајче Ников, тренер на голмани на ФК Кожуф, исто така со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари“ – се вели во официјалното соопштение на ФФМ.















