Вардар го прослави 65-тиот роденден со шампионска победа против Алкалоид (ФОТО)

266

Ракометарите на Вардар направија уште еден, голем чекор кон шампионскиот трон во домашното првенство, откако денеска успеаја во дербито на 6. коло да слават против градскиот ривал Алкалоид со 30:27.

Уште во првите 10 минути Вардар успеа да направи предност од два гола (6:4). Оттука, Алкалоид до крајот на првиот дел се обидуваше да ја стигне разликата, но домашните продолжија да го диктираат темпото и да ја кренат предноста и на три гола, со која и заминаа на пауза (17:14). Во првиот дел одлично издание имаше Јака Малус кој запиша дури 6 гола.

На почетокот на вториот дел вардар продолжи во ист ритам и брзо успеа да дојде до предност и од 4-5 гола разлика. До 40 минута веќе беше +5 за „црвено-црните“ откако со голот на Да Силва, Вардар поведе со 24:19. Истата предност Вардар ја задржа и во втората половина од вториот дел на мечот. Алкалоид само на моменти се обиде да се врати во ритам, но играта на „црвено-црните“ потврди дека Вардар ги обезбеди бодовите и од ова дерби во 6. коло.

Фантастично издание на голот на Вардар денеска имаше голманот Валах кој заврши со 14 интервенции. Јака Малус успеа да заврши како најдобар реализатор кај победниците со 8 гола, додека Воркапиќ постигна 5 гола.

Кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Костески со 6 погодоци.

ПретходноУбави сцени од Светското училишно првенство во ракомет: Најмладите фанови со најискрени честитки
СледноМакедонската борачка Консевич не успеа да освои бронза на ЕП