Ристески пред третиот финален меч: Оваа шанса нема да ја пропуштиме!

59

Одбојкарите на Штип УГД утре ќе ја имаат првата сет-меч топка во дуелот со ГОК Борец на патот кон историската шампионска титула. Штипјани веќе направиј апредност од 2:0 во финалната серија, па сега ја очекуваат само третата победа која ќе ги однесе на шампионскиот трон.

Во очекување на дуелот со велешани, Штип УГД најави дека е комплетно подготвен за финалниот успех.

„Трета година по ред се пласираме во завршниците од купот и првенството на ОФМ. Она што недостига во нашите витрини е титула од шампионатот. Водиме 2-0 во серијата против екипата на ГОК Борец и сме многу блиску до остварување на целта. Спремни сме во секој поглед и со нетрпение го очекуваме натпреварот. Поучени сме и поискусни од се она што ни се случуваше во минатото, па така, оваа шанса нема да дозволиме да ја испуштиме. Во однос на противничката екипа, очекувам борба и неизвесност за секој поен. Тоа квалитетна и искусна екипа која на секој натпревар дава максимум. Но, како што кажав, спремни сме на сè во овој трет натпревар да го затвориме ова финале! Очекувам полна сала во Штип, атмосфера за паметење како што доликува на еден финален натпревар“, вели тренерот на штипјани, Кристиан Ристески.

Натпреварот утревечер започнува во 19 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

ПретходноЈакимовски добива нов тренер, Канчелиери со оди од Тренто
СледноБосанскиот репрезентативец Мухаремовиќ се договорил со Интер