Димитријевиќ за една асистенција остана без „дабл-дабл“, Баерн повторно победи

68
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Кошаркарите на Баерн (М) остварија нова победа во германскиот шампионат, откако вечерва беа подобри од Вирцбург на гостински терен со 81:90. Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од гостинскиот тим и мечот го заврши како трет најдобар реализатор кај Баварците.

Во победата на неговата екипа, Димитријевиќ запиша 16 поени со 5 скока и 9 асистенции и беше на само една асистенција од „дабл-дабл“ ефект. За екипата на Баерн ова беше четврта последователна победа во шампионатот која ги остава убедливо на врвот на табелата.

ПретходноОбвинителството побара притвор за Сејдини
СледноМилитао, сепак, ќе биде подготвен за настап на Мундијалот