ГРК Охрид денеска ја стартува битката за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година го освои Алкалоид.
Македонскиот тим првиот натпревар го игра на гостински терен кај Целје, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.
„Многу се истрошивме во натпреварите од Купот и во финалето против Вардар, но немаме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал, а тоа е првиот натпревар против Цеље. Се подготвуваме и се надеваме на победа, ќе го дадеме максимумот. Нема да биде лесно, Целје е млада и сериозна екипа. Ние како и секогаш оваа сезона одиме на победа, воедно, добро е што ќе имаме поддршка од нашите навивачи на ова гостување и се надеваме дека ќе ги израдуваме“, изјави Дарко Ѓукиќ.
Во второто полуфинале во ЕХФ Европскиот Куп пак силите ќе ги одмерат Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Татабања (Унгарија) на Филип Талески.










