Тимот на Гостивар со конечни 80:94 го победи тимот на Ангели во новото коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Во дуелот на двете последнопласирани екипи од плеј аутот, Гостивар сепак на терен го покажа повисокото ниво на квалитет и обезбеди триумф.
Првата четвртина заврши со водство на домашните од 26:22, за да до полувреме Гостивар направи резултатска рамнотежа и ја добие втората делница со 12:19.
Клучните десет минути на овој меч беа оние третите кои гостите ги добија со 18:35, по што победникот беше познат.
Диксон беше несопирлив на овој дуел и постигна 39 поени за гостиварчани, а Црниќ додаде свои 20, исто колку и Грегори.
Настовски и Стефанов кај домаќинот исто така стигнаа да постигнат по 20 коша.










