Генијалната одбрана на Столе ја спаси Валенсија (ВИДЕО)

563

Екипата на Валенсија на чело со нашиот Столе Димитриевски денеска на свој терен обезбеди победа од 2:1 во дуелот со Џирона.

Новите бодови за Валенсија во Примера може слободно да му се припишат на нашиот голман, кој што многу веројатно ја има одбраната на колото во Шпанија.

Ветеранот Стуани влезе во 69. минута за да спасува пораз на Џирона и реално имаше идеална ситуација за да постигне гол. И ќе го направеше тоа само ако Димитриевски не беше на голот.

Нашиот репрезенаттивец и тоа како покажа уште еднаш дека заслужува да е прв голман на Валенсија и дека нема дилеми дека уште долго ќе биде на највисоко можно фудбалско ниво.

ПретходноРома го држи европскиот курс
СледноТолку од Феникс во најдоброто кошаркарско друштво