Баерн му порача на Реал:„Олисе? Тој е недопирлив!“ (ФОТО)

51
фото: FC Bayern München (X)

Откако во изминатите два дена медиумите во Европа, а посебно во Шпанија и Германија, пренесоа дека Флорентино Перез има намера да удива рекорди и да понудо неверојатни 175 милиони евра за Мајкл Олисе, јасно беше дека и “баварците“ ќе вратат со порака до кралевите“.

Мајкл Олисе е апсолутно недопирлив. Нема шанси, ние ни за секунда не сме помислиле да го продадеме“ беше изјавата на Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн Минхен.

Јасно е дека “баварците“ тешко дека ќе се одлучат својот најдобар фудбалер, кој во моментов важи и за најдобриот играч во светот. Сепак, секогаш постои едно ако. А тоа колку Дон Флорентино ќе може да понуди, и тоа дека ретко кој го одбива Реал Мадрид.

Јасно е дека Олисе е под договор со Баерн Минхен, но индикативно беше неговото однесување за време на прославата на титулата на „Алијанц Арената“ минатиот викенд.

ПретходноЖестока дебата поради Никола Јокиќ
СледноНемили сцени во Струмица: Ивановски со тешка повреда, веднаш пренесен во болница!