Полувреме: Вардар го ГАЗИ Тиквеш, Пелистер со водство во Струмица, Јовчевски одбрани пенал!

334

Вардар – Тиквеш 4:0, Брера – Пелистер 0:1, ова се резултатите од првите полувремиња од двата попладневни мечеви од 29.коло во ПМФЛ на Арената во Скопје и во Струмица.

Лидерот во првото полувреме просто го ЗГАЗИ Тиквеш. Тимот на Гоце Седлоски има водство од 4:0, иако според шансите ова водство можеше да виде уште поубедливо според шансите кои ги имаа вардарци. Цветковиќ во 3.минута донесе водство, потоа стрелаше Закариќ, па Велковски, а тие 4:0 беа дело на Јанкулов.

Тиквеш остана со играч помалку откако Тасев доби црвен картон во самиот финиш на првиот дел.

Интересно е во Струмица каде гостите со голот на Мирко Ивановски од пенал, во 6.минута има водство од 0:1. Капитенот на битолчани имаше уште една шанса за 0:2, но исто така струмичани можеа да израмнат во 34.минута и тоа со удар од белата точка. Михајлов ја презеде одговорноста, но гостинскиот голман Јовчевски со фантастична одбрана успеа да ги сочува тие 0:1 за неговиот состав.

ПретходноЛудница на „Ваљекас“: Голеада, ВАР одново се “истакна“, израмнување со гол во 90+9.минута за Рајо!
СледноЖестока дебата поради Никола Јокиќ