ПМФЛ: Пелистер освои ЗЛАТНИ три бода во Струмица!(ВИДЕО)

158
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Брера – Пелистер 0:1 е исходот од мечот во Струмица во рамките на 29.коло. Победничкиот гол беше дело на Мирко Ивановски од пенал во 6.минута. Ова беше и битка за опстанок, еден од најзначајните мечеви сезонава за двете екипи. На Брера и дефинитивно не и оди ни со новиот тренер Шефки Арифовски, кој денеска го водеше тимот на струмичани по заминувањето на Мартин Алаѓозовски.

Брера и натаму е осма со 33 бода, Пелистер е деветти со 32. бода, во зоната на директно испаѓање и натаму се Работнички и Македонија ЃП со 28 и 27 бода.

Инаку гостите рано, уште во 6.минута дојдоа во водство и тоа со гол на Мирко Ивановски од пенал, откако еден домашен играч играше со рака во својот казнет простор. Оваа одлука на судијата Игор Стојчевски ја потврди и ВАР.

Неколку минути подоцна, Ивановски имаше можност да го удвои водството, но сепак не успеа во тоа. Затоа Брера во 34.минута имаше зицер за израмнување. Беше покажан пенал за струмичани, но голманот на битолчани со фантастична парада го одбрани ударот на Михаилов и со тоа го сочува водството на својот тим. Па така со тие 0:1 се замина пауза.

Во продолжение на овој натпревар, Брера и тоа како се отвори, имаше обиди да се дојде до израмнување, но Керим во 49.минута прв се закани за 0:2, но ништо од тоа.

Брера во средината од второто полувреме и тоа како можеше да израмни на 1:1, но Величковски немаше среќа, по ударот со глава ја погоди стативата на голот на Јовчевски. Останаа само воздишки на струмичани.

Во 70.минута немили сцени на стадионот во Струмица. Тоа беше класичен судир меѓу домашниот фудбалер Зоран Ивановски и гостинскиот голман Андреј Јовчевски. Подебелиот крај го извлече Ивановски, кој се здоби со повреда во пределот на главата. По укажаната лекарска помош веднаш на теренот, потоа беше пренесен со возило на брза помош, беше пренесен во болница во Струмица. Па затоа мечот беше продолжен за 7-8 минути.

ПретходноВардар го „нокаутира“ Тиквеш со седум гола
Следно„Комити“ се вратија, Вардар „распука“ (ФОТО+ВИДЕО)