Јуве остана без победа и по 4. коло: Ребиќ донесе бод за Милан (ВИДЕО)

193

Јувентус и Милан одиграа нерешено (1:1) во дребито на 4. коло во Серија А лигата. На „Алијанц арена“ во Торино, „Старата Дама“ имаше водство и шанси да ја обезбеди првата сезонска победа, но голот на Ребиќ во послендите 15 минути од мечот го вратија Милан во игра, па дури и за победа.

На големо задоволство на навивачите во Торино, Јувентус поведе уште во 4. минута по една фантастична контра на Алваро Мората. Го претрча цел терен и на крајот успеа да го матира Мањан за водство од 1:0.

Упорноста на „росонерите“ даде резултат дури во последните 15 минути од мечот. Анте Ребиќ по асистенција на Тонали погоди во 76. минута и им донесе израмнувањена гостите на 1:1.

Во 84. минута Милан имаше фантастична шанса за водство. Едно добро додавање до Калулу, младиот Французин не успеа од непосредна близина да го претвори во целосен пресврт.

Јуве и по четири кола е без победа во Серија А, додека Милан не знае за пораз од стартот на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПо Пјаниќ, сега нов фудбалер „жртва“ на Куман
СледноИкарди го реши дербито на „Паркот на Принцовите“ (ВИДЕО)