Икарди го реши дербито на „Паркот на Принцовите“ (ВИДЕО)

238

По ремито со Бриж во Лигата на шампионите, ПСЖ со голот на Икарди во 92. минута успеа да го добие дербито со Лион во француската Лига 1 и да остане со максимален ефект 6 од 6 во досегашниот дел од сезоната во домашното првенство.

Лион успеа прв да поведе против ѕвездениот тим на Покетино со голот на Пакета во 54. минута. Нејмар успеа да ја врати смиреноста кај домашните со голот во 66. минута од пенал и кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Икарди кој влезе на местото на Ди Марија во 82. минута, само десет минути подоцна успеа да погоди за победа и голема радост на домашните.

Лион остана на само две победи на стартот на сезоната и ќе има доста проблеми да нападне на врвот до крајот на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЈуве остана без победа и по 4. коло: Ребиќ донесе бод за Милан (ВИДЕО)
СледноВинициус и Бензема за две минути ја „нокаутираа“ Валенсија (ВИДЕО)