Во текот на изминатиот викенд се одржа Охрид Ултра-Треил®, меѓународен спортски настан во природа, во рамките на Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќаше 4 трки со дистанци од 107км, 66км, 40км и 20км, на кој стартуваа 269 натпреварувачи oд 20 земји.
Трката која е носител на настанот – Охрид Ултра-Треил® беше долга 107 км со 5.000 метри искачување, а на истата стартуваа 35 натпреварувачи. Победник на истата е Константинос Јанопулос од Грција, кој истрча време од 11 часа, 4 минути и 11 секунди, додека второто место го поделија Томаш Кик (Словачка) и Иван Радев (Македонија) кои по своја иницијатива финишираа заедно.
Кај дамите прва заврши Ана Куприевска (Полска), пред Сања Николовски – Најдовски (Македонија) и Ерида Куршумлија (Косово).