Вчерашното реми со Милан 1:1 на домашен терен, беше уште еден неуспех за италијанскиот гигант Јувентус на стартот на новата сезона во италијанската Серија А.
Јувентус не успеа да извојува ниту една победа во четирите стартни кола од италијанското првенство и тоа му се случува само по четвртипат во историја. Последниот таков анти-рекорд датира од сезоната 1961/62 година, а пред тоа Јуве имаше ист ваков старт и во сезоните 1955/56 и 1942/43 година.
Јувентус освои само 2 бода на 4 натпревари и се наоѓа на 18-то место во пласманот на италијанската Серија А. Интересно, во сезоната 1961/62 кога почна со четири кола без победа, „Старата Дама“ на крајот заврши на 12. место на табелата.