Како што велат од РК Вардар, пуштени се во продажба билетите за дербито со РК Пелистер, меч кој ќе се одигра во салата “Јане Сандански“ на 7 мај со почеток од 19 часот. Цената на билетите се движи од 250 до 350 денари во зависност од местата и трибината.
Инаку познато е дека вардарци на овој меч во случај да не бидат поразени, и бод им е доста, и официјално ќе станат нови шампиони на Македонија, се очекува на оваа средба битолчани да им ја предадат круната.









