Ројевиќ пред реваншот со Целје: “Сите заедно со публиката ја пишуваме историјата на клубот и градот Охрид“!

80
ФОТО:facebook.com/hcohrid

Утре од 19 часот во салата “Билјанини Извори“ во Охрид, ракометарите на ГРК Охрид ќе го одиграат реваншот од 1/2 финалето во ЕХФ Европскиот Куп против Целје. На првиот меч во Словенија беше 27:26 за домашната екипа, па еве златна шанса за нашиот евроопски претставник да се најде во финалето и со тоа да го повтори успехот на РК Алкалоид кој лани го освои трофејот во ова натпреварување.

Во пресрет на утрешниот меч, денеска се одржа прес – конференција, на кој покрај другото тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ истакна:

Не чека тешка задача, не очекува тежок реванш. Од друга страна нашите ракометари едвај чекаат да започне мечот. Се надевам дека атмосферата ќе биде добра и дека таа енергија од публиката ќе биде клучна. Кај нас не се сите фит, но ќе истрчаат на тере, ќе стиснеме заби и ќе играме како што игравме минатите девет месеци“ посочи Ројевиќ и додаде:
“Сите ние заедно со публиката ја пишуваме историјата на клубот и градот Охрид. Повикувам да се направи незаборавна фешта, а ние секако ќе им се одолжиме и ќе се обидеме да го победиме силниот тим на Целје, па заедно да славиме пласман во финале“.

ПретходноБајрами: Да ја искористиме можноста и да уживаме во фудбалот до крај
СледноПеп за мечот ПСЖ – Баерн: Луис и Винсент се лоши тренери, играчите им се ср**е, ср**е!