Барса ја победи Осасуна и чека на утрешниот меч на Реал

81

Фудбалерите на Барселона извојуваа победа со 1:2 на гостувањето кај Осасуна во последниот денешен натпревар со 34. коло на Ла Лига. Каталонците се бореа за прв гол цели 80 минути, се до моментот кога полскиот голгетер Левандовски ја затресе домашната мрежа во 81. минута за водство од 0:1.

Во самата завршница видовме уште два гола. Најпрвин Феран Торес погоди за 0:2 во 86. минута, а две минути подоцна домашните успеаја да намалат на 1:2 со голот на Гарсија.

Со оваа победа Барселона се одлепи на врвот на табелата во Ла Лига со 88 бода, 14 повеќе од Реал (М) кој утре ќе му гостува на Еспањол. Ако Реал не успее да победи, Барселона уште утре ќе ја освои шампионската титула.

ПретходноХулк си замина од Атлетико Минеиро, сега ќе оди во Флуминенсе