Поради АБА обврските, ТФТ и Маџари со полуфиналната пресметка стартуваат утре!

55

По завршувањето на ТОП 6 сегментот од „МТЕЛ“ Супер лигата, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, го утврди распоредот на натпреварите во третиот дел од натпреварувањето, доигрувањето за шампионската титула.

Пласман во полуфиналето на плеј-офот, обезбедија првопласираните четири екипи:

ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Маџари.

Согласно со системот за натпреварување, полуфиналето на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар од три натпревари“ (1-1-1), со предност на домашен терен на подобро рангираните екипи во регуларниот дел од сезоната.

Согласно со пласманот, одредени се и полуфиналните двојки се:

ТФТ – МАЏАРИ

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР

Со оглед на понатамошните обврски на екипата на ТФТ во баражот за пополнување на место во АБА 1 лигата во наредниот период, модифициран е календарот за одигрување на двете полуфинални серии од плеј-офот.

Првиот меч од третиот дел од „МТЕЛ“ Суперлигата е закажан за 4. мај (понеделник), кога ќе играат екипите на ТФТ и Маџари, а наредниот, втор во серијата, на која во улога на домаќин ќе биде екипата на Маџари, ќе се игра на 12.мај (вторник). Евентуалниот трет натпревар е предвиден за 16.мај (на теренот на подоброрангираната екипа – ТФТ).

Втората серија од полуфиналето, во која ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе стартува на 6. мај (среда), наредната следниот викенд, односно на 9 или 10.мај, во Битола.

Во случај ако биде потребно да се игра и трет натпревар во серијата, терминот е 13. мај (среда), со домаќинство за екипата на МЗТ Скопје Аеродром која има подобар ранкинг во однос на Пелистер.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ

(1) ТФТ – (4) МАЏАРИ (20 часот)

ПРВ НАТПРЕВАР

4.МАЈ: ТФТ – Маџари

(2) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – (3) ПЕЛИСТЕР

ПРВ НАТПРЕВАР

6.МАЈ: МЗТ СКОПЈЕ Аеродром – Пелистер (19 часот)

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите учесници одредени се и термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата,

Финалната серија на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар од пет натпревари“ (2-2-1), со предност на домашен терен за екипата која има подобар ранкинг (место на табелата) во регуларниот дел од сезоната.

ПретходноЕнрике размислува за иднината, ПСЖ пронајде засилување во Реал Мадрид?
СледноОва на Меси претходно му се нема случено: Интер Мајами водеше со 3:0, на крајот беше поразен!