Сега е веќе официјално, од попладнево нема веќе дилеми. Елмин Растодер со својот Тун е ШМПИОН на Швајцарија. Иако на последните два меча тимот на нашиот репрезентативен напаѓач беше поразен, сепак по денешниот пораз на Сент Гален од Сион дома со 0:3, Тун испиша историја, за првпат во својата историја е првак на својата земја.
А за тоа свои големи, огромни заслуги има Македонецот кој на три кола до крајот запиша 13 голови и шест асистенции, со што е убедливо најдобриот стрелец во тимот на новиот шампион.
Ова е фудбалска бајка, ова е нешто неверојатно што му се случи на тимот на Растодер. Пред стартот на првенството прогнозите беа дека Тун ќе се бори за опстанок, ама Растодер и неговите соиграчи имаа сезоната од соништата.
На три кола до крајот Растодер и Тун имаат 74 бода пред вториот Сент Гален кој има 11 бодови помалку, па затоа велиме дека на три кола до крајот се е познато во битката за титулата во елитната лига на Швајцарија.










