Ракометна Македонија и оваа сезона може да добие првак во ЕХФ Европскиот Куп. После Алкалоид на добар пат да го крене пехрот е ГРК Охрид, во финалето ќе игра против Татабања за кого настапува Филип Талески.
Охриѓани ги чека нова клупска историја, мечевите се играат на 23/24 мај и на 30/31 мај. На последниот меч ќе биде крунисан победникот.
Кој ќе биде домаќин на првата средба ќе биде познато денеска во 11 часот за кога е закажана ждрепката – настанот ќе се емитува во живо на YouTube каналот на ЕХФ.










