Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Монпеље во реванш натпреварот од четвртфиналето во Европската лига. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци се пред тешка, за многумина невозможна мисија. Треба да анулираат 10 голови разлика од првата средба за да се најдат на завршницата во ова натпреварување.
За повеќето ваков подвиг е тешко да се оствари, но за Чупиќ, кој памети неверојатни сценарија во дресот на Вардар 1961 како играч, ништо не е невозможно. Како што рече самиот на пес-конференцијата пред мечот, не може никој да им забрани да сонува.
„Имаме многу важен меч. За жал не очекувавме така да заврши натпреварот во Франција. Наше е да дадеме максимум и со огромна поддршка од нашите навивачи да се покажеме во далеку подобро издание“, изјави Милан Лазаревски.
Овие два клуба досега играле 12 пати меѓусебе, седум пати славеле „црвено-црните“, еднаш одиграле нерешено, а четири пати победувале Французите.










