Куња нема повеќе да игра за Јунајтед поради Мундијалот и Бразил

135

Поради претпазливост и можност за евентуална повреда, Матеус Куња нема повеќе да биде дел преостанатите дуели на Манчестер Јунајтед сезонава.

Интерниот договор помеѓу Јунајтед и Фудбалската Федерација на Бразил вели дека Куња може да „одмори“ до крајот на сезоната за што подобро да се подготви за претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.

Секако дека ова е логичен потег на тимот на Јунајтед кој што му излегува во пресрет на Бразил во обид да настапи во најсилниот состав на турнирот.

Особено што важечки е фактот дека Манчестер Јунајтед веќе обезбеди пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

 

ПретходноМиленкоски без петмина интернационалци на стартот во Крушево
СледноФоден уште долго во Манчестер Сити