Лејкерси немоќни против Оклахома, Шеј Гилџес со најслаба паратија (ВИДЕО)

140
Фото: Оклахома Х

Оклахома Сити Тандер ја отвори својата полуфинална серија од плејофот во Западната конференција на НБА, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 на домашен терен. Херој на натпреварот беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скока.

Холмгрен беше поддржан од Шеј Гилџес-Александар и Мичел, двајцата со 18 поени. Гилџес за првпат после година и пол, на еден натпревар постигна под 20 поени. Домаќините имаа одличен шут од поле од 49,4 проценти, погодувајќи 13 од 30 обиди за тројка.

Лос Анџелес се мачеа во офанзива без Лука Дончиќ, водечкиот стрелец во лигата, кој е надвор од игра еден месец поради повреда. Леброн Џејмс го предводеше поразениот тим со 27 поени.

Детроит Пистонс исто така остварија победа, против Кливленд Кавалирс со 111:100. Тимот со најдобар сооднос на Истокот го предводеа до победата Кејд Канингем со 23 поени и седум асистенции и Тобијас Харис, кој имаше 20 поени и осум скока.

Кај Кавс, Донован Мичел се истакна со 23 поени и Џејмс Харден со 22 поени, осум скока и седум асистенции. Тој исто така имаше седум изгубени топки.

ПретходноЧупиќ: Чудо не се случи, но ова е лекција за следната сезона во ЛШ
СледноДиего Симеоне е лош губитник, никој не може да поверува што направи кога го напушти теренот (ВИДЕО)