Започнуваат Плазма Спортските игри за млади во Македонија! Над 27.000 деца ќе бидат дел од најголемите аматерски игри во Европа

84

Денеска во хотелот „Холидеј-Ин“ се одржа официјалната прес-конференција по повод свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, кое е закажано за утре (8 мај), на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот.

На настанот присуствуваа Mинистерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, извршниот директор на Плазма Спортските игри за млади Славен Мариќ, генералниот директор на Пивара Скопје Огњен Лазиќ, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје Санел Кустурица, како и извршниот директор на Шпаркасе Лизинг Марјан Манчев.

Од прес-конференцијата беше испратена силна порака дека Македонија станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа. Плазма Спортските игри за млади за првпат се реализираат во нашата држава и носат нова енергија во развојот на младинскиот спорт.

Свеченото отворање утре на Плоштад Македонија ќе обедини илјадници деца, спортисти, институции и граѓани, во настан кој има за цел да го прослави спортот, другарството и здравите вредности.

Организаторите потенцираа дека Игрите не се само натпревари, туку систем кој ќе се реализира низ целата држава, во повеќе градови, овозможувајќи им на децата да бидат активни, да се натпреваруваат и да се развиваат.

Оваа година учество ќе земат над 27.000 деца, бројка што јасно говори за значењето и потенцијалот на проектот. Натпреварите ќе се одвиваат на локално, регионално и државно ниво, создавајќи одржлив модел кој обезбедува пристап до спорт за секое дете.

Во рамки на Игрите ќе бидат опфатени десет спортски дисциплини (атлетика, народна, 3Х3, одбојка, одбојка на песок, ракомет, пинг-понг, тенис, шах, мал фудбал), давајќи им можност на младите да го пронајдат својот пат и да напредуваат. Најдобрите учесници ќе обезбедат пласман на големото меѓународно финале во Сплит, каде ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

Дополнителна вредност на целиот проект даваат и познатите спортски амбасадори, кои претставуваат инспирација за младите генерации.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, потенцира дека игрите се ново поглавје за училишниот спорт во државата.

Оваа година очекуваме над 27.000 деца да бидат дел од Плазма Спортските игри за млади низ целата држава. Натпреварите ќе се одржуваат на месно, локално, регионално и државно ниво, во повеќе спортови, што значи дека создаваме систем кој ќе овозможи секое дете да добие можност за спорт и натпреварување. Најдобрите финалисти ќе бидат дел од големото меѓународно финале во Сплит, што е дополнителна мотивација за сите учесници. Утрешниот настан на Плоштад Македонија ќе биде вистински празник за младите“, изјави Мицковска.

Министерот за спорт, Борко Ристовски испрати порака дека државата ќе продолжи да вложува во младите и спортот.

Плазма Спортските игри за млади не се само спортски натпревари. Ова е проект кој создава вредности, гради карактер и ги обединува младите. Нашата цел како институции е да создадеме систем во кој секое дете ќе има можност активно да се занимава со спорт. Ова е инвестиција во иднината на државата“, истакна Министерот за спорт Борко Ристовски.

Извршниот директор на Плазма Спортските игри за млади, Славен Мариќ, изрази задоволство што Македонија станува дел од големото регионално спортско семејство.

Плазма Спортските игри за млади веќе три децении поврзуваат милиони деца низ регионот преку спорт, пријателство и фер-плеј. Среќни сме што Македонија се приклучува на оваа голема приказна. Веруваме дека Игрите ќе остават силен позитивен импакт кај младите и ќе создадат генерации кои ќе растат со вистински вредности“, изјави извршниот директор на Плазма Спортски игри за млади, Славен Мариќ.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ истакна дека Игрите претставуваат пример за успешна платформа која ги мотивира младите на активен и здрав живот.

Спортот е универзален јазик кој ги поврзува младите, а Плазма Спортските игри за млади се одличен пример како преку спортот може да се создадат позитивни промени во општеството. Среќни сме што сме дел од оваа приказна“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг ја препознаа важноста и општествената вредност на Плазма Спортските игри за млади и со особено задоволство се приклучија како поддржувачи и спонзори на овој голем национален проект, кој има за цел да ги обедини младите преку спортот, фер-плејот и здравите животни навики. Како компании кои континуирано вложуваат во младите, образованието и развојот на заедницата, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг ја препознаваат оваа иницијатива како платформа која создава вистински вредности и позитивно влијае врз идните генерации.

Особено ми е драго што „Спортските игри за млади“ конечно стануваат дел и од македонската спортска приказна. За нас како Шпаркасе Банка, поддршката на овој настан претставува природно продолжение на нашата стратешка определба за поддршка на младите, спортот и здравите животни вредности, кои ги развиваме преку платформата „Шпаркасе Лајф“. Особено сме горди што заедно со целата наша групација Steiermärkische Sparkasse сме дел од оваа позитивна регионална приказна која ги поврзува младите преку спортот, дружењето и фер играта.“изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Во Шпаркасе Лизинг континуирано го поддржуваме спортот и спортските иницијативи, препознавајќи ја нивната важност за развојот на позитивни вредности кај младите. Поддршката на „Спортските игри за млади“ за нас има посебно значење, бидејќи не станува збор само за поддршка на спортот, туку и за поддршка на спортската иднина на земјата. Веруваме дека ваквите настани создаваат генерации кои растат со тимски дух, дисциплина, и самодоверба “- изјави Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг

 

Свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади е најава за вистински спортски празник во срцето на главниот град со богата музичко-забавна програма, спортски активности, присуство на познати спортски амбасадори.

Почетокот на Игрите симболично ќе биде означен со палење на пламенот.

Настанот ќе се пренесува во живо на Арена Спорт и МРТ.

ПретходноСелекторот Танески го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела!
СледноНов скандал во Реал: Валверде и Чуамени денеска повторно се степале на тренинг, Уругваецот завршил во болница