По Фухсе Берлин, Алборг и Барселона, од вечерва го имаме и последниот патник на Ф4 турнирот од ракометната Лига на шампиони. На оваа тројка им се придружи и бранителот на тронот Магдебург, кој убедливо славеше во реваншот од четвртфиналето против Пик Сегед на домашен терен со 45:37.
Дека Магдебург се сметаше за учесник во Фајналфорот беше јасно уште по првиот натпревар во Унгарија. Европскиот шампион го доби со 35:28, па реваншот беше чиста формалност.
Омар Инги Магнусон со осум гола беше најефикасен на мечот, а Даниел Патерсон постигна еден помалку во победата на Магдебург.










