Докса за која брани македонскиот голман Дамјан Шишковски доживеа пораз со 2:1 во кипарскиот шампионат. Докса водеше со 1:0 на гостувањето кај Омонија со автогол во 72. минута и трите бода беа блиску, меѓутоа во 90. минута Шишковски направи прекршок во својот шеснаесетник по кој доби втор жолт картон и беше исклучен, а судијата досуди пенал.
Омонија изедначи преку Дурис, а веќе во наредната акција Лесјакс даде гол и обезбеди пресврт победа на Омонија.